По повод 70 годишниот јубилеј на градинката, како една од планираните активности, започна првата етапа на есенско садење и разубавување на дворот на Матичниот објект. Со помош на надворешни соработници, како и со децата од големата група во работна и весела атмосфера се насадија голем број зимзелени и цветни садници, набавени од установата.
Најпрво беше подготвен теренот за садење (копање на дупки, рамнење на земјиштето и сл.), потоа со помош на градинарски алат децата ги засадија садниците, за на крај убаво да ги полеат со вода. Денот помина радосно, децата беа активни и имаа можност на поблизок начин и директно да се запознаат со разни видови на садници, да научат како се садат истите и како во наредниот период да се грижат, чуваат новите, но и старите садници.
На крајот од денот дворот доби изглед на вистинска есенска разгледница.
