Децата од групата „Верверички“, на возраст од 3-4 години, од Матичниот објект, преку математичка игра се запознаа со поимите (кусо - долго).
Целта на активноста е да се развиваат способности за воочување, идентификување и користење на спротивности кај предмети во непосредната околина (должина). Развивање на самостојност, самоиницијативност, самодоверба и истрајност во активностите. Негување на чувство за соработка и задоволство од извршувањето на практичните и мисловните активности.
