КОЈ ПРВ ДО ЛАЛЕТО

Децата од групата „Бонбончиња“ од Матичниот објект, на возраст од 2 – 3 години играа подвижно – натпреварувачка игра на плочникот во дворот на градинката.
Целта на оваа активност е да се зајакне детската мускулатура на долните екстремитети како и оспособување за координирано движење и одржување рамнотежа на детското тело.