Децата од групата “Мечиња” на возраст од 5-6 години, од Матичниот објект, вежбаа вежби за скокање во далечина преку организиран полигон.
Целта на активноста беше да се развиваат вештини за поставување на долните екстремитети за конкретна цел при што ќе се развива и мускулната маса на истите.
Вежбите треба да доведат до развивање на рамнотежата која подразбира способност за заземање на разни положби на телото при промена на тежиштето.