Децата од групата „Пчелички мали“, на возраст од 4 -6 години, од Матичниот објект преку математичката игра „Весела математика“ се запознаа со поимите „над - под“.
Целта на активноста беше децата да се оспособат за просторно ориентирање и вербално искажување на односите меѓу предметите (воочување и именување на релациите над - под) како и спонтано преку игра да учат создавајќи позитивна слика за математиката.
