ЛИКОВНА ИГРА МОКРО НА МОКРО

Децата од групата „Сонце“ на возраст од 3-4 години од Објект Парк, преку ликовна истражувачка активност: „Мокро на мокро“ се воведоа во техника акварел. Преку спонтаното разлевање и мешање на боите нанесени на мокар лист хартија стекнуваа нови искуства и технички вештини.
Целта на активноста е да се поттикне кај децата креативноста, љубопитноста, фантазијата како и стекнувањето на лични искуства преку практична активност.