Децата од групата „Рипчиња“ на возраст од 3 до 4 години, од објектот Парк, препознаваа и именуваа аудио звуци од непосредната околина. Во продолжение на активноста децата слушаа звуци од бранови и ги имитираа со помош на платно, но и тие самите произведуваа звуци, преку шушкањето на најлонот кој изгледаше како разбранувано море. На крај ја играа подвижната игра: „Пронајди го рипчето во длабочините на морето“.
Целта на оваа активност беше да се развива сетилото за слух, како и поттикнување на детето за учество во игри заедно со другите деца.
