Децата од групата „Верверички“ на возраст од 3-4 години од Матичниот објект, земаа учество во креативната ликовна активност на тема: „Моето тело“. Потоа го компонираа во целина моето тело од готови делови/форми исечени од колажна хартија.
Целта на активноста беше стекнување елементарни сознанија за човечкото тело и неговите делови.
Да се поттикнат способностите на децата за обликување на едноставни форми, поттикнување на самостојноста, мотивираноста и креативноста.
