СМЕШНА КОСА

Децата од групата „Срнички’“, 4-5 години од Матичниот објект преку разни примери се запознаа со значењето на воздухот за живиот свет, како и со метеролошките појави на воздухот во природата. Ги развиваа своите перцепции и елементарни сознанија за ветерот. Потоа преку ликовна истражувачка активност научија како може воздухот да се употребуваи при ликовни активности.
Целта на оваа активност е да се развива фината моторика како и запознавање со нови ликовни техники и стекнување на нови инофрмации. Оваа активност придонесе децата да се поттикнат во истрајност при работа со нови техники и ликовни материјали.