НИЗ СНЕЖНИОТ ТУНЕЛ

Децата од групата „Пчелички“, на возраст од 2-3 години од Матичниот објект, преку подвижната игра „Низ снежниот тунел“ правеа вежби за провлекување низ тунел од маси и столици, односно се провлекуваа од поширок кон потесен и од повисок и понизок простор.
Целта на активноста беше да се развиваат моторните вештини, како и да ги запознаат своите способности и можности за движења.