ТРИТЕ ПРАСИЊА

Децата од групата „Сонце“ на возраст од 3-4 години, од објектот Парк ја проследија куклената претстава „Трите прасиња“, а потоа одговараа на прашања за тоа колку прасиња имало, колку куќички, од што биле изградени, од кого побегнале и каде се скриле.
Целта на активноста е да се збогати речникот на децата, така што самостојно и вербално ќе се изразуваат во конкретна ситуација со јасни и кратки реченици.