Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО БРОЕВИТЕ 1 И 2

Ојавено Нед, 03/05/2020 - 8:45AM

Во овие денови кога сме сите дома и се дружиме со семејствата, со децата на возраст од 4-5 години, група „Бубамари“ – Матичен објект, обработивме теми од математика.
Математиката е насекаде околу нас и основен нејзин дел се бројките. Со теоретско објаснување и практични примери преку разгледување околу нас, на децата може да им се појаснат броевите 1 и 2. На пример:
- уште колку залачиња останале од омиленото јадење,
- колку играчки се негови, а колку на бато или дада,
- колку полиња на пред или назад да го поместат човечето во омилената игра,
- колку топки има на сликата од омилената книга и друго.
Преку домашна задача, децата научија да ги откриваат и препознаваат цифрите 1 и 2 во своето опкружување.
Голема благодарност до децата и родителите кои активно се вклучија во учењето како и за фотографиите кои ни ги испратија и ни покажаа дека и во вакви услови учењето може да биде забавно.
Ви благодариме и продолжуваме понатаму.
Подготвил воспитувач:
Драгана Аневски
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen