Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Во „Парк” сè е бело

Ојавено Сре, 17/02/2021 - 1:34pm

Снегулки паѓаат
во „Парк“ сè е бело,
баба Зима царува
во бело одело.
 
Колку меки снегулки
на небото има,
толку детски насмевки
и игри во зима.
 
Снешковци насмеани
исправено стојат,
вредните дечиња
песна им пејат:
 
„Чувајте ја сега
градинката наша,
додека Сонце не огрее
ќе биде и ваша”.
 
Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк:
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen