Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

РЕЦИКЛИРАЈТЕ, КРЕИРАЈТЕ ФОРМИ ОД КАРТОНСКИ РОЛНИ!

Ојавено Пет, 20/03/2020 - 8:18AM

Денес за вас нов предизвик. Ајде да рециклираме и креираме од картонски ролни. Од тоалетните хартии и бришачите за раце остануваат картонските ролни кои се многу погодни за активности за обликување. Тие лесно се бојат, на нив едноставно се прилепуваат други материјали, може да за захефтаат и закачат елементи. Заедно со вашето дете најнапред разговарајте и замислете што ќе изработувате. Можеби тоа ќе биде лик за некоја приказна која заедно ќе ја измислите. Подгответе ги материјалите и заедно создавајте, раскажувајте, играјте. Оставете имагинацијата да ве однесе заедно на некое патување. Фотографирајте ги вашите изработки, приказните кои се родиле во вашиот дом, истите споделете ги со нас.

Почитувајте ги препораките - Останете дома, здравјето е заедничка одговорност!

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen