Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ОВОШНИ ДРВЈА НАСАДИВМЕ – ГРАДИНИТЕ ГИ РАЗУБАВИВМЕ

Ојавено Пон, 22/11/2021 - 1:33pm

Децата од Матичниот објект и објектот Јасмин во дворовите, заедно со градинарот и нивните учителки насадија овошни дрвца. Целта на оваа акција е да научат како и кога се садат плодоносни дрвца, како се одгледуваат и негуваат, а пред се и да ги набљудуваат во сите четири годишни времиња. Овие но и идните генерации деца ќе можат одблизу да видат и да научат како тие на пролет се будат, расцветуваат, разлистуваат, да ги видат пчелките и другите инсекти како ги посетуваат и ги опрашуваат, како се раѓаат плодови на круши, јаболка и сливи, кога се берат, како наесен им паѓаат ливчињата и заспиваат... а пред се знаењата да ги стекнат не преку некоја сликовница, едукативен постер или книга, туку „во живо“.

Упатуваме голема благодарност до активистите од Здружението на граѓани АЦТ МАКЕДОНИЈА, кои не влучија во нивниот проект „Tree Plantation Drive – садење на овошни дрвца во јавни установи“, кои ни ги донираа садниците и помогнаа во садењето. Соработката ќе продолжи, на наше барање и во наредниот период.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen