Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ЈАС И МОЕТО СЕМЕЈСТВО

Ојавено Чет, 04/06/2020 - 7:47AM

Семејството е најприродната средина  каде децата можат правилно да се развиваат и растат. Тоа е местото каде децата за прв пат проодуваат, прозборуваат. Семејството е местото каде се создаваат најважните спомени. Спомени кои децата ќе ги понесат за цел живот. Семејството е поткрепа во секоја доживеана радост и тага. Семејството се луѓето кои никогаш нема да ја изневерат детската доверба. Тоа се луѓето кои прославуваат со децата. И плачат кога и децата плачат. Семејството е она нешто кое  го стоплува детското срце. И ја предизвикува детската насмевка. Тоа е она за кое децата се подготвени несебично да го жртвуваат целиот свој мал свет.
Децата и родителите во соработка со воспитувачот од нивната група „Пеперутки“ (4-6 години) од објектот Кукушка заеднички го одбележаа Светскиот ден на семејството 15 Мај преку разни активности. Децата твореа и несебично ги споделија своите цртежи на  на тема „Моето семејство”.
Подготвил воспитувач:
Весна Спасова
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen