Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

ИГРА - МАЛИ МАТЕМАТИЧАРИ

Ојавено Пет, 03/04/2020 - 7:34AM

Најмалите деца најмногу сакаат да играат, а во нивните игри често забележуваме дека додека играат бројат, споредуваат, групираат...
Затоа денес ви предлагаме активност која едноставно можете да ја организирате во вашиот дом, а во која покрај играта децата ќе се стекнат со елементарни знаења и поими од математиката.
За оваа игра потребни ви се: Играчки и разни предмети во повеќе бои, кутии или листови во боја.
Соберете ги предметите и играчките на едно место. Пред нив поставете кутии или листови во боја. Детето треба да ја воочи бојата на предметите, да ја именува и да ги стави во соодветната кутија. Насочете ги додека играат да:
  1. Ги групираат предметите според воочлива особина;
  2. Споредувајте предмети во различни по боја
  3. Класифицирајте ги според бојата.
(Во прилог неколку фотографии како идеја)
Подготвил воспитувач:
Анета Штербинска
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen