Skip to main content
Дома
Градинка „13 Ноември“
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

БУБАМАРИ ЗА ПОФАЛБА

Ојавено Саб, 09/05/2020 - 8:38AM

Секој детски цртеж, секоја негова изработка, е големо уметничко дело. Со тоа детето се чувствува гордо и сигурно во себе. Пофалете ја секоја негова изработка, па макар тоа да е една црта на неговиот лист. Верувајте дека таа црта живот значи!
Овој пат на децата од групата Бубамари (2-3 години), од нашиот објект „Парк“ им беа дадени насоки за полесно и поуспешно реализирање на активноста:
„Ајде мои дечиња, вредни Бубамарчиња,
бубамари да направиме и со нив да се пофалиме.
Спреми ги прстињата,  стави ги во боја,
 потоа нежно печати врз бубамарата твоја...!“
Резултатот е бесценет. Децата направија прекрасни изработки: цртежи, кутивчиња за моливчиња, па дури појавија желба и пеперутки да направат, а желбата на децата мора да се почитува! Затоа уживајте и креирајте по дома мили мои деца.
Изготвил воспитувач:
Адријана Станков
Сите фотографии можете да ги погледнете тука:
Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen