БЛАГОДАРНОСТ

По повод Светскиот ден на детето, децата од објектот Парк донесоа сезонски цвеќиња и зимзелени дрвца кои беа засадени во нашиот двор. Упатуваме благодарност до родителите на децата кои со својата донација учествуваа во разубавувањето на дворот на градинката и одбележувањето на овој ден.