ДЕЦА УМЕТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – Скопје, организира ликовен конкурс на на ниво на Општина Центар. На конкурсот со ликовни творби учествуваа деца од 4-6 годишна возраст, од трите градинки кои гравитираат на оваа општина. Оваа манифестација за првпат се реализира од страна на нашата Установа, а повод е 70-годишниот јубилеј на истата, а претставува една од програмските активности планирани да се реализираат во текот на Јубилејната година.

На финалниот настан се постави пригодна изложба и се доделија дипломите на наградените деца како и благодарниците за нивните ментори-воспитувачи. На истиот присуствуваа представници од Општината Центар како и претставници од трите градинки – учеснички.

На истиот настан претставниците на Општина центар ги доделија и наградите на најзаслужните и најуспешните вработени за периодот 2020-2021 г. во време на Пандемијата со Ковид 19.

Во прилог е линкот за нашата интерактивна виртуелна изложба: „ДЕЦА УМЕТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ“. Погледнете ја и уживајте во прекрасните ликовни творби на нашите мали уметници!