ДОЖД ОД ОБЛАЧЕ СИНО

Објект – Јасмин, група – Смешко, 2-3 години - вежби за печатење со прсти и темперна боја
Цели: Да се усовршува техниката на печатење со прсти; Да се ослободуваат од страв од валкање со боја; Да се развива фината моторика на дланката и прстите; Да се оспособат за фокусирана перцепција при координација на движењата око-рака; Да се поттикнува истрајност во извршување на задачата; Да се гордеат со своите постигнувања; Да се развиваат хигиенски навики; Да се оспособат да ја препознаваат и именуваат сината боја.