ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРОМЕНИТЕ НА ВРЕМЕТО ВО ПРОЛЕТ

Децата од групата „Пчелички“ на возраст од 3-4 години од објектот Јасмин, преку директно набљудување и манипулација се запознаа со промените на времето во пролет. Во дворот на градинката имаа можност да ја набљудуваат тревата, потоа пролетните цвеќиња, расцутените дрва, воедно и се стекнаа со нови сознанија за годишното време пролет и нејзините карактеристики. Потоа, во занимална децата споделуваа свои впечатоци од прошетката, а на крајот на контура од дрво самостојно лепеа пролетни цветчиња на дрвото.
Цели: Да се развиваат вештини за користење на сетилата во процесот на откривање и учење. Да се поттикнат знаењата и способностите за препознавање на годишните времиња. Да се стекнуваат знаења за средината и опкружувањето преку конкретно набљудување и манипулирање.