Децата од група „Пеперутки“ на возраст од 4-5години, од објект „Јасмин“, преку разговор по слики ги збогатија своите сознанија за професијата „Пекар“. Активно учествуваа во ликовно - креативната игра „Мали пекари“, преку која се запознаа со процесот на подготвување на тестото кое е потребно да се подготват разни бели пецива, а потоа самостојно моделираа кифли, леб, омилените ѓевречиња и други прецива по своја желба.
Активноста ја завршивме со имитативна игра „Пекара“ во центарот за игри со улоги.
Цели: Да се развива фината моторика на дланките и прстите. Да се поттикне интересот кон моделирање на разни форми. Да се поттикнува детската креативност.
