СОНЦЕТО СВЕТИ И ГРЕЕ

Децата од групата “Бубамари“ на возраст од 4 - 5 години од Матичниот објект се запознаа со значењето на сонцето како природен извор на светлина и топлина.
Се поттикна љубопитноста и се стекнаа со елементарни сознанија за појавите и законитостите во природата.
Потоа изработуваа “Сонце“ – комбинирана техника.
Сонцето го лепеа од самолеплива хартија во боја, а зраците ги печатеа со пластична вилушка.