Децата од групата „Медени Мечиња“ на возраст од 2-3 години од објектот Јасмин, учествуваа во креативната ликовна активност: Печатење со тапа домашно животно со темперни бои.
Најнапред ги утврдивме веќе стекнатите претстави и знаења за домашните животни, преку макета и сликовница „Фарма“, со акцент на овцата и нејзините карактеристики, а потоа самостојно го печатеа руното на овцата во дадена контура со бела темперна боја и плутена тапа.
Цели: Да се развива способноста за координација, но и користење на палецот и показалецот при држењето и користењето на предметите. Да се поттикне интересот кон запознавање и користење на различни видови ликовни материјали (стандардни и нестандардни) и техники. Да се поставуваат основи за развој на истрајноста, самостојноста и доследноста низ процесот на игра, откривање и учење.
