ПРЕДВЕСНИЦИ НА ПРОЛЕТТА

Децата од група „Пеперутки„ на возраст од 4-5 години, од објект „Јасмин“, преку разговор, директно набљудување и манипулација, се запознаа со предвесниците на пролетта (кокиче, качунка и дрен). Потоа изработија апликација на „Кокиче“ од готови форми од самолеплива хартија.
Цели:
- Да се развива потребата од поставување прашања со цел да се добие објаснување за нештата што не се јасни;
- Да се поттикнуваат способности за користење на истражувањето и набљудувањето како средство за осознавање и учење;
- Да се поттикнува интересот и љубовта кон растителниот свет;
- Да се развиваат перцептивните способности