ДОБРИОТ СНЕШКО

Децата од групата „Цветчиња“ на возраст од 2-3 години од Матичниот објект следеа расказ по серија слики „Добриот Снешко“.
Преку следење и учество во ваква активност се овозможува да се развиваат способностите за слушање, доживување и разбирање на содржината на текстот/расказот. Исто така се навикнуваат децата редоследно да раскажуваат, но и да се збогатува нивното емотивно искуство.