Децата од групата „Делфини" од Матичен објект на возраст од 3-4 години имаа можност преку игра да уживаат во моделирање на разновидни "Божиќни колачиња" од пластелин во боја, притоа користејќи ги своите прсти и пластични новогодишни модли.
Целта на оваа активност беше да се поттикнува самостојноста во истражување, разликување на одредени бои, форми, облици и да се развиваат вештините за моделирање со пластелин.
