НОВОГОДИШЕН МУЗИЧКИ И ТАНЦОВ ПОДАРОК ЗА ДЕЦАТА

И оваа година, традиционално во месец декември, во нашата градинка се одржа Новогодишен концерт на ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од класите на професорите: Светлана Димитриевска, Викица Костоска Пенева, Наташа Стојановска, Наташа Еленова, Симона Марочковска, Петар Колевски, Сенад Усеини и Љупчо Колевски.
Во продолжение на концертот се приклучи, оваа година за првпат и студиото за танци „Ballet Dance Studio“, со модерна точка „Dance dance“, на кореографија од Бистра Иванова.
Благодарност до сите млади музичари и танчари што со своите изведби им приредија одличен концерт и танцови изведби на нашите дечиња. Со задоволство ве очекуваме и во 2024 година!