МОЈАТА ПРВА КНИГА ЗА ДЕДО МРАЗ

Децата од група „Пеперутки“ на возраст од 4-5 години, од објект „Јасмин“, преку читање на сликовница „Мојата прва книга за Дедо Мраз“, се запознаа со ликот на Дедо Мраз, со неговата улога и задача. Воедно, се збогатуваше детскиот речник со нови зборови кои означуваат поопшти поими, се поттикнуваше детето и се развиваше неговата способност за разгледување сликовница, држејќи ја книгата во правилна позиција, се поттикнуваше детскиот активен говор и се развиваше и негуваше љубовта кон печатените материјали, односно кон сликовниците.