РАБОТИЛНИЦА „ТИ ИНИЦИРАЈ - ЈАС ОДГОВАРАМ“

Советувалиште за родители и деца во нашата градинка континуирано ја врши својата советодавна дејност преку постојан интерактивен однос со родителите, преку разни форми на соработка, каде се поставуваат цели и развиваат конкретни планови за надминување на одредени бариери. Заеднички поминуваме низ различни учења, методи и теми кои се од разни области.
Па така и овој пат, советувалиштето за деца и родители во нашата градинка, заедно со стручниот тим реализира работилница со родителите од „Програмата за позитивно родителство“. Работилницата помина во заедничка активна работа и во пријатна атмосфера. Позитивните резултати постигнати на крајот од работилницата беа на взаемно задоволство.