НАШИОТ ВРАБОТЕН - УСПЕШЕН ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК

Чест и задоволство ни е да соопштиме дека на 20.10 во просториите на нашата установа делегација на претставници на председателството на Сојузот на просветни работници на РС Македонија во состав: Лидија Николовска-Георгиевска – претседател на Сојузот, Радко Лозановски – секретар, Штефица Ујчиќ – член на Комисијата за доделување награди и признанија и Дијана Симоновска – член на Собранието, во присуство на директорката Ружица Биџовска, свечено ја доделија наградата за успешен просветен работник на годината на РСМ на м-р Ана Цветкоска - Панова - советник ликовен педагог во нашата Установа. Оваа награда традиционално се доделува по повод Светскиот ден на учителот, а оваа година, таа и припадна на наша вработена!

Честитки и нека ни се нижат успеси!