ДЕЦА УМЕТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Денес во салата на Матичниот објект се реализира завршниот настан, односно доделувањето награди на најуспешните – малите уметници и нивните ментори - воспитувачи, избрани од мноштвото ликовни творби испратени на ликовниот конкурс: „Деца уметници во центарот на Скопје“ во огранизација на нашата градинка.

На овој ликовен конкурс веќе традиционално со свои творби се претставија децата од 4-6 годишна возраст од трите градинки на општина Центар.

Децата гости и децата учесници ја исполнија салата со весели песни и игри, детски џагор и многу среќни насмеани лица. Весела приредба, интересна дружба, наградени возрасни и деца... за успешните диплома, благодарница и подарок, а оваа галерија на фотографии е само еден мал дел таа позитивна атмосфера.

На наградените им посакуваме уште многу успеси – за сите Вас, наши мали уметници и нивните воспитувачки, едно огромно БРАВО!