АВАНТУРА СО ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

Децата од групата Ѕвездички, на возраст од 5-6 години во Објектот Јасмин, го прифатија креативниот предизвик на Едуино Игратонот. Преку активноста - Авантура со годишните времиња, со радост играа и учеа, проширувајќи ги своите искуства за карактеристиките на годишните времиња. Исто така ги развиваа јазичните способности за вербално изразување, именување и опишување преку привлечни илустративни картички.

#едуиноигратон2022

#активност5

#авантурасогодишнитевремиња