ЕСЕНСКИ ТЕАТАР

Минатата недела за децата во градинката се реализира театарска претстава на тема „Чудесна шума“. Во дворовите на објектите беше весело и разиграно. Претставата беше музичко интерактивна каде ликовите на животните испратија порака до децата за: како другарството е важно, другари да имаме и истите да ги чуваме, за бон-тон да знаеме и се да споделуваме, со игра и песна да другаруваме.