Оваа песна е роденденски подарок од децата од објектот „Парк“
Среќен роденден
13 Ноември роденден слави
Голема забава денес се прави,
Шарени балони со желби за среќа
и детски насмевки една полна вреќа.
Среќен роденден, среќен роденден
13 Ноември, наша градинке,
Среќен роденден, денес е голем ден,
вечна да ни бидеш мила градинке.
Многу детски игри во тебе си свила,
те сакам премногу градинке мила ,
подарок за тебе е детската смеа
и оваа песна д срце што ја пеам.
Текст: Емилија Стојкова (воспитувач)
Музика: Љупчо Узунов
