Децата и родителите од сите објекти активно се вклучија во хуманитарната акција која ја организираше нашата установа по повод велигденските празници. Акцијата со наслов: „Од дете за дете“, всушност има за цел нашите деца да им ги разубават престојните празници на децата од ранливите категории и преку еден чин на солидарност да им ги честитаат истите. Децата од нашата градинка и нивните родители беа мотивирани и со желба и понатаму активно да се вклучат во разновидни хуманитарни акции, бидејки денес, повеќе од било кога е потребно да се подигне свеста за значењето на хуманоста, да се биде општествено одговорна личност, да се негува пријателството и укажувањето помош на лицата од социјален ризик. Донацијата се состоеше во храна и продуктите кои преку службите на Општина Центар беа донирани онаму каде што беше најпотребно.
